Celebrity

Од MTV го обожаваат Russell Brand :)

MTV навистина го сака Russell Brand!

Британскиот комичар и поранешен сопруг на пејачката Katy Pery ќе го води овогодинешното доделување на „MTV Movie Awards“ кое ќе се одржи на 3-ти Јуни во „Gibson Theatre“ во Калифорнија.

Ова ќе биде прв пат Brand да води доделување на филмски награди, но трет пат како води некаква MTV манифестација. Беше домаќин на доделувањето на музичките награди во 2008 и 2009 година.

–          Овогодинешното доделување на „MTV Movie Awards“ ќе биде поимпресивно и од „Avengers“ , но нема да чекате цели четири часа за да се појави Hulk, – изјавил актерот.

Гласањето е веќе започнато и трае до 2-ри Јуни.

Напиши коментар