Celebrity

Одложен албумот на Nelly Furtado!

Пејачката Nelly Furtado решила да го одложи издавањето на својот најнов албум кој требаше да излезе на 18-ти Јуни. Новиот датум е 10-ти Септември.

Своевремено, пејачката изјави дека во исто време ќе издаде и стандардна и делукс верзија на албумот. Таа учествувала во пишувањето на сите песни од албумот, а сорботувала со неколку продуценти меѓу кои и Rodney Jerkins, Bob Rock и John Shanks.

–          Почнав да ги пишувам овие песни уште додека работев на албумот „Mi Plan“. Бев одморена и расположена. Овој албум говори за позитивноста, младоста, добрата енергија и немирноста на духот. Сакам луѓето да ја доживеат музикава како што ја доживеав јас кога ја пишував. Сакам да скокаат, да играат, да се смеат, да плачат и да се сакаат, – изјави Furtado.

Напиши коментар