After Midnight

Окситоцин – новата вијагра?

Заборавете на вијаграта, земајте окситоцин. Тоа е хормон кој им помага на мајките да се поврзат со децата, а кај мажите го зголемува либидото. Истражувачите окситоцинот го споредуваат со вијагра и тврдат дека навистина ја зголемува сексуалната желба кај мажите.

Окситоцинот е хормон кој се наоѓа и кај мажите и кај жените, а е заслужен за секс, сексуална привлечност, доверба и самодоверба. Мајките кои раѓаат и дојат ослободуваат огромни дози на окситоцин, кои им помагаат да се зближат со детето.

Научниците од Калифорнија извршиле истражување со окситоцин кај еден американец кој имал проблеми да се зближи со своите деца и со својата сопруга. Откако не му помогнало ништо, докторите му дале да вдишува окситоцин два пати дневно, а оттогаш неговиот љубовен живот едноставно „процветал“. Значително му се зголемило либидото, но и значително го подобрил односот со останатите колеги.

Write A Comment