After Midnight

Омилените секс пози го откриваат нашиот карактер

Омилените секс пози може да откријат многу за нашиот карактер и за карактерот на нашиот партнер. Еве што „кажуваат“ четирите најпопуларни пози:

Мисионерска поза: Луѓето кои ја сакаат оваа поза не се многу креативни. Тие се старомодни и едноставно ја сакаат класиката. Тие го сакаат чувството на сигурност и се нежни, грижливи и смирени. Мажите кои ја сакаат оваа положба многу се грижат за својата партнерка и за тоа дали таа е задоволна од нив во кревет.

„Доги стајл“: Мажите кои ја префериаат оваа положба најчесто сакаат да доминираат. Бидејќи не постои контакт со очите, многу жеи во оваа положба се чувствуваат запоставено и исклучено. Некои жени не ја сакаат оваа положба бидејќи имаат чувство дека партнерот не ги почитува.

Жената е одозгора: За разлика од претходната положба, во оваа положба жените се тие кои имаат доминација. Жените кои ја сакаат оваа поза се самоуверени и свесни за својата сексуалност. Исто така жените ја сакаат оваа положба бидејќи им е најлесно да доживеат оргазам. Но доколку тој само лежи и ве остава вие да правите се, тоа не е баш добар знак. Затоа натерајте го да ја смените позата за да биде активен.

Странична поза: Луѓето кои ја преферираат оваа положба најчесто сакаат да бидат близу до партнерот и да ја чувствуваат топлината на неговото/нејзиното тело. Овие луѓе е грижливи за партнерот и за семејството и се одлични животни сопатници.

 

Напиши коментар