Една неоддамнешна анкета која ја спроведе големиот машки портал Ask.Men во која учествуваа 50.000 мажи се дојде до некои факти за кои не сте знаеле, а можеби сте ги насетувале во некои секојдневни ситуации. За да можете да функционирате со некого треба да го познавате, затоа еве некои факти кои ќе ви помогнат подобро да ги запознаете мажите.
60% од мажите би користеле контрацептивни апчиња кога би постоеле такви за нив.
Само 5% од мажите се плашат да имаат сериозна врска со жена која повеќе заработува од нив.
Дури 82% од припадниците на посилниот пол не ги интересираат трачеви и приказни за познатите.
52% од мажите сметаат дека само добриот и редовен секс е важен за добра врска.
70% од мажите фантазираат за секс со пријателката на својата партнерка.
53% од мажите сметаат дека жените премногу им придаваат важност на убавината и физичкиот изглед, а и самите потврдиле дека најмногу им се посветуваат на убавите жени.
