After Midnight

Онаа вистинската, но несподелена љубов

* Оној што не те бара, не му недостасуваш…на тој што не му недостасуваш, тој не те ни сака…Судбината одлучува кој ќе влезе во твојот живот, но само ти решаваш кој ќе остане. Вистината боли само еднаш, лагата боли секогаш кога ќе помислиш на неа…Има три нешта во животот кои не се враќаат: зборовите, времето и пропуштените шанси.

* Да љубиш е единствениот ризик кој вреди да го прифатиш, независно колку голема е веројатноста да изгубиш!

* Оној што не ги прифаќа недостатоците на човекот што го сака, тој не може да тврди, дека е навистина вљубен!

* Лажната љубов вели: Те сакам зошто имам потреба од тебе! Вистинската љубов вели: Имам потреба од тебе зошто те сакам!

* Учиме како да сакаме не кога ќе го сретнеме совршениот човек, туку кога ќе почнеме да веруваме во совршенството на несовршениот човек.

* Страста е чист стремеж за поседување. Вистинската љубов се состои во трансформирање на желбата за поседување во желба за давање.

* Во љубомората има толку многу љубов, колку што нема ни во самата љубов.

* Тој:  Откако толку те повредив, зошто се враќаш?

Таа: зошто вистинската љубов е прошка…Секогаш простуваш на оној што не сакаш да го изгубиш…

* Времето го брише само она што не заслужува да биде запаметено…

* Научи се да рачунаш само и единствено на себе си, зошто кога ќе се најдеш во тешка ситуација сите почнуваат да играат една добро позната игра – криенка…а ти мижиш!

* Секогаш врне врз оние кои го заслужуваат сонцето!

За да бидеш среќен со човекот што го сакаш, пред се тој треба да те избере, зошто ти треба да си се она за што тој мечтае, а не се она што му останало!

* Можеш да ги затвориш очите за работи кои не сакаш да ги видиш… но не можеш да го затвориш срцето за работи кои не сакаш да ги почувствуваш!

* Ние жените, некаде таму,помеѓу солзата и насмевката успеваме да го најдеме секогаш патот кој води напред…

* Најголемата иронија во животот е дека се она за што копнееме веќе сме го имале…

Напиши коментар