Celebrity

Орландо Блум како детектив!

Актерот Орландо Блум ќе игра во најновиот филм на режисерот Џером Сал со наслов „Зулу“.

Приказната во филмот се развива околу два детективи кои го истражуваат убиството на ќерката на еден познат спортист во Јужна Африка.

Во филмот, освен Блум, ќе игра и Џим Ханс, а премиерата се очекува да биде прикажана дури следната година. Во меѓувреме, додека да се почне со снимањето на овој филм, Орландо ќе работи на снимањето на филмот „Градови“, а ќе ја репризира својата улога и во филмот „Хобитот: Неочекувано патување“, каде повторно ќе биде Леголас.

Орландо е еден од оние холивудски актерки кои постојано имаат набиена агенда и речиси секогаш ги извршува своите обврски до совршеност.

Напиши коментар