After Midnight

Осум најдобри места за секс на отворено

Кога е сексот во прашање , нема ништо повозбудливо од испробување на нешто ново, а совршено време за да уживате во досега не испробаните страсти е – сексот на отворено.

Доколку имате чувство дека вашиот сексуален живот ви западнал во криза, време е малку да ги зачините  работите. Топлите летни ноќи се како создадени за врели страсти, а оваа сезона речете му збогум на креветот и испробајте нови локации.

АВТОМОБИЛ

Упатете се на ноќно возење  со само една цел, да уживате во водењето на љубов. Скриениот пат е најдобар избор, а автомобилот запрете  го подалеку од љубопитните погледи. Добра идеа е да обечете нешто кое многу лесно се соблекува. Затворете ги прозорите , пуштете музика за уште подобар амбиент и едноставно препуштете се…

ПЛАЖА

За да не мора секоја вечер од вашиот годишен одмор да се завршува со прошетка или со сладолед, поканете го својот сакан некаде на скриено место на плажата. Пронајдете го местото уште во текот на денот и проверете дали е доволно оддалечено од минувачите. Шумот на морето ќе биде прекрасен афродизијак.

ЛУЛАШКАТА ВО ПАРКОТ

Скриени во паркот, со лулашка за совршена забава и за поозбилна игра…

ШАТОР

Дококу летово вашиот избор е кампувањето, не заборавајте да ја спакувате со вас и спонтаноста. Но, припазете да не ги разбудите камперите од соседсатвото…

ТЕРАСА

Ова е сосем ново искуство, почекајте да влезат соседите дома и препуштете им се на страстите токму на вашиот балкон. Чувството дека правите нешто забрането и дека може некој да ве види , ќе ве распламти и ќе ви ја подгрее температурата.

ЏАКУЗИ

За овој детал, нема многу да се зборува бидејки е направен токму за ваков тип на летни уживања.

БРОД

Дали некогаш сте го слушнале изразот не го лулајте чамецот. Тоа во овој случај не важи. Доколку немате среќа да летувате на јахта и дрвеното бродче, ќе биде доволно. Отргнете се од плажата, но не предалеку и испробајте нешто ново.

КРОВ

Доколку живеете во зграда и имате излез на рамен кров, уживајте во чистите страсти со голема доза на романтика . Вие двајца и небото над вас, ништо друго не ви е потребно. Препуштете се на страстите и подигнете го вашиот сексуален живот до непознати висини.

 

 

Напиши коментар