Убавина

Осум трикови за да бидете поубави во 2012

Пробајте да си ветите дека оваа година без обѕир на обврските ќе одвоите време и за себе, затоа што со следните совети нема да ви биде многу време за да ги сработите а вие ќе бидете неодоливи.

Следните неколку совети ќе ви помогнат да заштедите време, да не губите саати пред огладело а резултатот да биде максимален.

1. Пробајте да не одите ни до продавница со тренерки , дотерајте се за кратка прошетка, сето тоа нека биде во склад со вашиот вкус.

2. Носете кармин, не излегувајте од дома ако предходно не сте нанеле сјај или кармин на усните.

3. Одржувајте ги своите чевли во добра состојба. Нека не ве мрзи да исчистите веднаш штом се вратите од некаде.

4. Наместо да купувате нова облека постојано, потрудете се да ја освежите со нови детали. Вие нема да банкротирате а во исто време секогаш ќе бидете интересни за другите. Деталите во повеќето случаи се побитни и од самата облека.

5. Пробајте да бидете поорганизирани.  Одредете простор за сите работи кои редовно ги користите, за да нема потреба од нервоза и губење време кога нешто ќе ви затреба.

6. Правете маникир на секои три недели. Неуредните нокти оставаат лош впечаток.

7. Негувајте ја кожата. По секое туширање нанесете хидратантна крема или лосион и дајте и ја на кожата потребната свежина.

8. Купувајте малку но поскапи работи, затоа што тие траат подолго. Ќе ви се исплати повеќе за разлика од  варијантата евтино а многу.

Write A Comment