After Midnight

Освојте го и натерајте го да ви „падне на колена“

Сакате да му го свртите паметот на згодниот дечко на кој сте му фрлиле око, а не знаете како? Еве ви неколку совети како да го освоите и да го натерате да ви „падне на колена“.

Мажите сакаат жени кои не се опседнати само со себеси или пак со љубовниот живот, туку имаат поширок спектар на интереси, како работа, пријатели, спорт, уметност, танцување, игри и др. Покажете му дека не е центар на вашиот свет, туку дека сте независни и имате свој живот.

Најважно од се е да бидете партнерка полна со разбирање, и да му оставите барем малку слобода, односно да не го угушите. Машката популација исто така сака жени со став, односно жени кои знаат што сакаат, па дури и кога станува збор за сексот.

Мажите сакаат жени кои знаат да ги посоветуваат, но мора да бидете внимателни затоа што советувањето лесно може да премине во „шефување“, а никој маж не сака да биде командуван (освен оние настраните се разбира).

Бидете секогаш дотерани, средени и посветувајте си време на себе, и физички и духовно. Мажите сакаат самостојни и паметни жени, кои ќе ги импресионираат нив и нивните пријатели и со кои ќе се гордеат.

Следете ги овие неколку совети и ви гарантираме дека вашиот партнер буквално ќе „полуди“ по вас.

Напиши коментар