Колку и да го сакаме партнерот сосема доволно, понекогаш сите се сомневаме во исправноста на своите одлуки, а особено на оние кои би требало да бидат долгорочни. Од друга страна пак, понекогаш ни се чини дека нашиот партнер е совршен, а од друга страна дека нема никаков квалитет… За да ги ублажите сомневањата, одговорете на следните неколку прашања кои би требало да Ви бидат насока за карактеристиките кои Господинот Вистински би требало да ги има:
* Прифаќа ли несогласувања ?
Со идеалниот партнер не мора да се согласувате во сé, но морате ( и Вие и тој ) да знаете да ги прифатите различностите и да се научите да се справите со нив.
*Знае ли да признае кога ќе згреши?
Да се згреши е човечки, но убаво би било кога ќе се згреши, грешката да се признае…
*Го почитува ли Вашето семејство?
Не мора да го сака Вашето семејство, доволно е да го почитува и да Ви даде доволно простор за семејно дружење.
*Му верувате ли потполно?
Постои одреден тип мажи кои можат да одат на кафе и со поранешната девојка, а за тоа никогаш да не дознаете, додека за некои би се сомневале и ако седи на соседната маса од некоја непозната девојка. Вистинскиот би требало да се вброи во првата категорија.
*Имате ли со што да се бавите додека гледа фудбал?
Вистинскиот би требало да Ве поттикне да се занимавате со некакво хоби. Ако она што претходно сте го сакале или нешто што го сакате, сте го запоставиле поради него, нешто треба да се смени…
*Дали е добар човек?
Фактите, колку пари има и колку троши на Вас, каков автомобил вози, дали Ве води на најдобрите места и дали ги познава најдобрите журки во градот и дали изгледа прекрасно… долгорочно гледано, не значи баш многу. Единствено важно прашање е : Колку добар човек е !!!
*Дали уште во овој момент би се венчале со него?
Секое АКО или ДОКОЛКУ БИ… укажува на фактот дека… Не сте сигурни !!!
