After Midnight

Откријте дали тој е „вистинскиот“

Многу честа грешка е прифаќањето на физичката привлечност како знак дека некои луѓе едноставно биле судени еден за друг. Нормално, оваа заемна привлечност е клучна за остварување на долга и стабилна врска, но постојат доста други услови и фактори за остварување, реализација и задржување на силна врска. Еве неколку знаци кои ќе ви откријат дали тој е вистинскиот:

Тој знае очекува од себе и што сакате вие: Секој маж со кој очекувате да имате долга врска, знае што сака и тој слободно ви раскажува за своите долгорочни планови. Кога во овие планови, во сликата на идниата ве гледа и вас, тогаш тој дефинитивно е загреан за долга врска. Ако тој нема некои посебни и одредени планови воопшто за животот, тогаш не очекувајте дека во блиска иднина тој ќе ве запроси.

Тој е оптимист: Неодамнешното истражување потврди дека луѓето кои имале позитивни родители и растеле во хармонија со семејството, се позадоволни и успешни во врските. Дури научниците тврдат дека колку повеќе оптимистички и позитивно мажот гледа на својот живот, толку повеќе и траат врските со актуелните девојки.

Тој е подготвен да се смени за вас: Да смените личност е речиси невозможно, но заљубен маж може да си дозволи мали промени – компромиси, само за да ви угоди. Ако било кој дел од неговото однесување не ви годи, едноставно кажете му. Оној кој е подготвен да гради сериозна врска со вас, ќе ве ислуша, ќе ја анализира ситуацијата и, доколку е вистински заљубен во вас, ќе се обиде да направи нешто околу тоа. Научниците докажале дека сите успешни бракови се базираат на ситни промени кај партнерите.

Тој ќе остане мистерија за вас: Почетокот на врската е најинтересниот и најзабавниот приод од цела врска, кога започувате да го учите и истражувате партнерот. Но, дури и кога новитетите релативно ќе исчезнат, многу е важно човекот кој го знаете како дише, да остане мистериозен и непредвидлив. Забавно е да го гледате човекот кој го знаете многу добро, како на моменти од најдобар другар, неочекувано се трансформира во романтичен заводник и љубовник од филмовите.

Имате заеднички финансии: И двајцата сте одговорни за финансиите, но некогаш е добро да му дозволите тој да ги управува. Начинот на кој човек управува со парите, кажува многу за неговиот карактер. Стручњаците велат дека личноста која не води сметка за своите трошоци, не е способен да го контролира својот живот. Се разбира дека понекогаш и најорганизираната личност смее, па дури е и пожелно, да направи импулсивни и непланирани трошоци. Тоа покажува дека тој е комплетен – организиран од една страна, и позитивно непредвидлив, од друга.

 

Напиши коментар