After Midnight

Откријте што кажува неговата насмевка…

Насмевката е специфична крива која што може да исправи многу работи…

Но дали сте знаеле дека сите насмевки не се исти… и праќаат различни пораки ???

Насмевка: Горната усна му е подигната. Станува збор за момче кое се насмевнува незабележливо.

Љубовен код: Неговата дискретна насмевка е сигнал дека е љубезен и културен и дека ужива во Вашето друштво. На почетокот нема да постојат големи романси, но кај него сигурно ќе се појават некакви чувства спрема Вас.

Насмевка: Ја држи устата затворена, а насмевката му „ вибрира “ на аглите од устата.

Љубовен код: Тој ќе Ве сака безрезервно, но тоа не сака сега да го покаже. Неговите емоции ќе испливаат на површина во прав момент. Кога ќе дознае дека Вие сте актуелна,  атрактивна и активна, ќе биде само Ваш – не грижете се…

Насмевка: Се смее збунето, со затворена уста и слатки дупчиња на образите…

Љубовен код:  Ќе мора „ дебело “ да се потрудите да го заведете ова „ парче “. Тоа ќе биде една интересна игра на освојување ( обострана ). Вистински претизвик. Уловете го ако можете!

Насмевка: Развлечена од уво до уво.

Љубовен код: Тој не крие ништо, дури ни неговите најдлабоки чувства. Но, признајте дека таквите момчиња се ретки. Се смее од срце и забавен е во секој момент. Во негово друштво никогаш не е здодевно, напротив…

Напиши коментар