After Midnight

Отпечатокот од карминот го открива вашиот карактер

Направете еден краток тест и видете што открива за вас отпечатокот од карминот. Ставете кармин и бакнете еден лист хартија. Анализата направете ја на формата, дебелината на горната и долната усна…

Тенка горна усна покажува добро организирана жена

Доколку оставите отпечаток на кој горната усна ви е тенка, тогаш вие сте избирлива и добро организирана жена. Посветувате големо влијание на деталите. Сакате да истражувате и да наоѓате нови ефикасни тактики за да го скратите патот кон целта. Сакате да размислувате надвор од зададените рамки.

Тенка долна усна

Дури и полните усни на хартијата може да остават отпечаток на кој долната усна им е тенка. Таквиот отпечаток кажува дека сте аналитички настроена. Немате проблеми со бројките, и многу добро се снаоѓате во многу работи кои бараат напорна работа. Издржливоста ви е јака страна.

Округли усни

Ако отпечатокот е округол, тогаш вие сте жена која сака да им угоди на сите околу. Избегнувате конфликти и секогаш сте спремни на компромис само да нема кавги, тоа е нешто што не го поднесувате.

Отпечаток во облик на дијамант

“Сопствениците” на вакви усни се како дијамант. Зрачат со неверојатна енергија. Знаат како со луѓето. На најлесен начин може да го добијат она што го сакаат, едноставно совршено манипулираат. Тие се успешни жени кои се елегантни и секогаш приметени од околината.

Отпечаток на кој горната усна е подебела

Оваков отпечаток оставаат жени кои добро слушаат и кои знаат да дадат утеха. Тие се вистински пријатели. Обожувани се во кругот на пријателите, а партнерот ги обожува токму поради оваа карактеристика. Но, и за себе знаат да направат многу. Лесно ги надминуваат проблемите и продолжуваат напред по бурниот период.

Напиши коментар