After Midnight

Ова е љубовната формула со која врската ќе ви трае засекогаш!

Иако љубовта нé прави слепи, заради тага ни се крши срцето, правиме секакви лудости само заради љубов… сепак таа не може да се купи со пари, не може да гарантира среќа и вечност.

Токму тоа ги натерало научниците од три универзитети да направат една формула која ќе гарантира врска која ќе трае засекогаш. Поголем дел од жените го одбираат погрешниот партнер, а за избор на господинот Совршен треба да го имате во предвид ова:

Мажот би требало да е постар барем пет години од жената. Иако тоа биолошки нема смисла, затоа што жените живеат подолго од мажите, сепак статистиките покажуваат дека мажите покасно созреваат. Таа разлика во “зрелоста” е причина за многу кавги.

Жената би требало да е пообразована од мажот. Изгледа дека е потребен солиден интелектуален фундамент како би можела да се разбере машката мистерија.

Брачен статус. Научниците сметаат дека партнерите со ист брачен статус имаат поголеми шанси да издржат. Кога еден од партнерите е разведен, а другиот не, таа врска потешко опстојува.

Иста националност. Еднаквоста има предност пред се, така сметаат научниците. Според статистиките голем број на разводи се случуваат кога има некои поголеми немири кои се должат на национални, верски и слични темели.

Напиши коментар