Мајсторот за боречки вештини Jackie Chen потврдил дека неговиот следен акционен филм воедно ќе биде и последниот во неговата кариера.
– Ова е мојот последен акционен филм. Светот е преполн со насилство. Сакам да се борам, но мразам насилство.
Филмот „Chinese Zodiac“ кој треба да излезе во декември е трет од серијалот „Божји оклоп“. Првиот филм излезе во 1987 година, а во него Chan го играше ликот на Asian Hawk.
– Не сакам да бидам ѕвезда само во акциони филмови. Сакам да бидам вистински актер. Поради тоа, во последниве неколку години работев и на поинакви филмови, како што се „Karate Kid“, каде глумам стар човек, – вели актерот.
– Моето тело е веќе старо за акција. Но, би можел во иднина да ги снимам „Karate Kid 2“ и „Rush Hour 4“, – на смеа додава Chan.