Free zone

Ова се најбизарните забрани! Дефинитивно!

Секоја држава си има свои закони и правила кои може да бидат и неприфатливи за другите земји. Нашава листа се состои од најпознатите работи кои се забранети со закон од страна на Владата. Ќе бидете изненадени кога ќе ја погледнете листата.

Во Кина – игри конзоли

Најинтересно е што повеќето од овие игри се произведени токму во Кина, а таму се забранети со закон. Владата ги забранила со цел да ги насочи младите на правилно користење на своето време, и нормално оваа забрана помина без никаков ефект.

 

Во Австралија забрана за филмови со жени кои имаат мали гради

Не е лесно да се биде жена со мали гради во Австралија. Замислете, во Австралија било забрането да се гледаат филмови за возрасни каде жените имаат мали гради, бидејќи тоа ги асоцирало на тоа дека тоа се малолетни девојчиња.

 

Во Кина – забрана за Аватар во 2Д

Друга забрана од страна на кинеската влада е онаа за Аватар во 2Д. Има дозвола филмот да се види само во 3Д. Сепак, постојат многу малку 3Д кина во Кина, така што резултираше со забрана на филмот.

 

Во Русија – забрана за емо облеката

Руската влада сметаше дека емо облеката е опасна по животот на тинејџерите. Овој правец, според нив ги тера тинејџерите на самоубиства. Затоа владата сметаше дека треба да се стави забрана на оваа облека.

 

Во Кина – забрана за реинкарнација без претходна согласност

Ова мора да се согласиме дека е една од најбизарните забрани од страна на владата. Треба да се даде согласност за реинкарнација.

 

Напиши коментар