After Midnight

Ова се знаци дека премногу мастурбирате

Ако мислевте дека не постои нешто што може да се окарактеризира како премногу мастурбирање, сте се излажале. Ви претставуваме случаи во кои мастурбацијата е штетна, а не корисна појава.

Мастурбацијата е составен дел на човековата сексуалност, составен дел од животот на секој човек. Како што веројатно веќе знаете, масурбирањето носи бројни здравствени добивки, но еднакво може да биде и многу штетно.

Дан Дрејк, сексуален терапевт, наведува неколку случаи кои се јасни знаци дека премногу мастурбирате и дека мастурбирањето во тој случај носи повеќе штета отколку корист.

  1. Мастурбирате до точката во која се повредувате. Не постои оптимален број на мастурбирање во текот на неделата, некој тоа го прави почесто, а некој поретко. Но, ако на гениталните области почувствувате болка и ако постојат видливи знаци на повреда, знајте дека со оваа активност се занимавате премногу често.
  2. Чувствувате потреба за маструбација. Некои луѓе сосема несвесно мастурбираат во серии и тоа поради опуштање и психичко растеретување. Ако забележите дека почнувате со мастурбација кога сте напнати и нервозни, па тоа го правите повторно, знајте дека ја користите местурбацијата за да избегнете болни емоции, а тоа никако не е добро.
  3. Претераното мастурбирање влијае на љубовната врска. Независно од тоа дали сте во врска или не, мастурбирањето може да ве одвои од партнерот или партнерката ако сте во врска, но и од потенцијална врска ако сте сами. Зошто? Затоа што на тој начин се повлекувате во сопствен свет и сметате дека самите на себе сте си доволни.
  4. Не се чувствувате добро во сопствената кожа, а тоа чувство ја зајакнува мастурбацијата. Дали сте повеќе во допир со самите себе и сопствената сензуалност, додека мастурбирате? Или можеби се чувствувате досадно, осамено и неповрзано? Ако по мастурбацијата се чувствувате неудобно  во било која смисла, добро размислете за својата емотивна состојба.
  5. Се срамите сами од себе. Чувството на срам може да биде катастрофално, а доаѓа поради различни причини кога мастурбирате. На пример, поради верски убедувања, општествени  норми или семејство. Ако со мастурбацијата иде стам,тогаш сето тоа за вас е деструктивно искуство. Обидете се сами со себе да го решите чувството на срам, бидејќи тоа во голема мера ќе ви го подобри квалитетот на живот.
  6. Мастурбацијата ве контролира вас , а не вие неа. Како и многу други пријатни работи во животот и мастурбацијата може да предизвика зависност. Ако не можете да престанете да мастурбирате  кога ќе одлучите, зависни сте. Ако доцните на некој важен договор, но сеедно сакате да се задоволите набрзина, зависни сте. Зависноста е серизона работа и добро би било да се консултирате со стучно лице.
  7. Опсесивно размислувате за мастурбацијата. Ако голем дел од денот посветите на размислување за мастурбација, бидете сигурни дека нешто не е во ред. Ако на сред деловен состанок размислувате за задоволство, значи дека мастурбацијата влијае на вашиот деловен живот. Опседнатост од било кој вид во никој случај не е добра. Размислете за тоа и превземете конкретни чекори да си помигнете самите на себе.

 

 

 

Напиши коментар