After Midnight

Озборувањето може да опустоши нечиј живот, а за озборувачите е само забава…

Никој не знае што точно се случува во нечија врска и најлесно е да посочиме некого со прст. Но нели знаете – секогаш кога сочиш некого со прст, останатите четири сочат право кон тебе.  Жално е што многу малку луѓе се доверуваат на оваа вистина и за нив нема ништо повозбудливо од неколку пикантни зборови кажани на туѓа сметка. Само што ова не е турска серија, која можеш да ја исклучиш секој момент.  Озборувањето започнато како пикантерија во еден момент станува вистинска лавина уништувајќи се пред себе.  Фабулата обично е едноставна, како крстозбор за почетници. Тој или таа се грешници. Само што ова можеби воопшто и да не е вистина, а второ кој си ти да судиш? Толку ли си безгрешен, морален и чист? Само фактот што чувствуваш нездраво љубопитство за она што се случува под чаршавите на особа икс или ипсилон те носи на челна позиција во класацијата на озборувачите. Жолтата штампа искрено се надева на такви како тебе, за да ги пополни страниците на се повеќе намалената популарност на тие весници.  Некои едноставно разнесуваат невистини само така, по инерција, за да докажат дека се во тек со последните новини, но вистинските инквизитори се оние што го дале првиот истрел, без да се интересираат што ќе се случи после. Тие се толку задоволни од извршеното, но истовремено толку плашливи да да излезат на светло и да кажат – „Јас бев“.

 

Најчесто оние кои се готови да разпнат на крст некој друг имаат доста очаен живот. Нивната душевна нечистотија блуе бактерии со брзината на епидемија. Нездравата љубопитност е очаен чекор на ситниот човек, незначаен и ништожен. Тој или таа, грешниците, можат да тргнат еден кон друг, посилни од злобата и неразбирањето, а сивиот човек кој знае зошто ќе се чувствува измамен???

Write A Comment