After Midnight

„Парче од една жена“

„Целта ми е да разберам што е љубовта. Знам дека додека љубев бев исполнета со живот, знам исто така дека се што поседувам до овој момент, колку и интересно да изгледа во очите на другите, за мене е сосема обично.

Љубовта е ужасна: сум гледала како моите пријателки страдаат, како жените околу мене се измачуваат и не сакам тоа да се случува и со мене. Истите тие кои претходно ја исмеваа мојата наивност, сега ме прашуваат како успевам да ги освојувам и покорувам мажите. Се смеам и ништо не кажувам, зошто знам дека лекот е полош и од самата болка: кратко и јасно – Не се заљубувам. Со секој изминат ден ми станува се појасно колку кршливи, непостојани, несигурни и непредвидливи се мажите…некои од татковците на тие мои пријателки веќе ми нуделе нешто барајќи друго во замена и сум откажала. Порано тоа ме шокираше, а сега сметам дека е дел од машката суштина.

И покрај тоа што мојата цел е да откријам што е љубовта и покрај тоа што страдав поради мажите на кои го дадов своето срце, разбрав дека оние кои ја допреа мојата душа не успееа да разбудат оган во моето тело, а оние кои го разбудија моето тело, не успеаа да допрат до мојата душа…

Дел од книгата на Пауло Коелјо „Парче од една жена“

„Ако треба да сум верна на некого и нешто, во таков случај треба да сум верна на самата себе. Штом веќе сум во потрага по вистинската љубов, ќе треба најпрво да се откажам од „половната“љубов каква што среќавав до сега. Искуството ме научи дека никој не е господар на ништо, дека се е илузија – како материјалните така и духовните богатства. Секој што изгубил нешто, а го сметал за своја сопственост (мене ми се случило толку многу пати), на крај разбира дека ништо не му припаѓа.

И штом ништо не ми припаѓа на овој свет тогаш не вреди да си го трошам времето за работи кои не се мои, подобро да живеам така, како денешниот ден да е првиот и последниот од мојот живот.“

Парче од „Единаесет минути“ на Пауло Колјо

Напиши коментар