Поранешниот милионер Карл Рабедер, 49, сфатил дека парите не го прават среќен, па решил да го остави целото свое богатство и да започне нов живот.
Карл, кој живее во Австрија, пред две години се реши да ги продаде својата фирма, лимузини, спортски автомобили, приватен авион, луксузна вила на Алпите… и приходот го дал на хуманитарна организација.
Сега Карл живее со 1.400 евра од говорот кој го држи пред бизнисмените на тема Новиот живот.
Сега собирам пари за скромна куќа. Живеам убаво, уживам во чистиот воздух, уживам во погледот кон ѕвезденото небо, во миговите со моето семејство… Еден ден седев и ги гледав старите фотографии, и на секоја од нив некако бев беден и несреќен. Тоа ме натера да го променам мојот живот, и сега сум навистина среќен.
