After Midnight

Паузи во врската: да или не?

Во врската во која завладеале кавгите, привременото одвојување се гледа како логично решение доколку парот не сака дефинитивно да се раздели, нормално. Но, и тие паузи имаат свои правила.

Лошиот период во врската често ги тера луѓето на привремено раздволување со цел да си остават малку повеќе простор еден на друг за да размислат што е најдобро да се случи со иднината на нивната врска. Денес тие паузи се попопуларни од кога и да е.

Кога едниот партнер сака привремено да се стави крај на врската за со ладна глава да размисли што понатаму, а другиот не го сака тоа, во тој случај најлошо е да се обидат да се одвојат привремено. Партнерот кој не го сака тоа ќе биде оставен на чекање, а тоа ќе ја разбуди неговата огорченост па и да имало шанса да се поправи врската ќе ја нема повеќе.

Ако се одлучите на привремено разделување тогаш дефинирајте ги правилата. Често се случува некој од партнерите тоа да го сфати како буквална слобода да па отпочне нова врска.

Но, привременото раздвојување може да биде и добро. Тоа е период кога може најмногу да почувствувате до каде се вашите чувства. Дали има нешто што ве тера да бидете заедно или ќе сфатите дека врската ви била само притисок.

Напиши коментар