After Midnight

Пази пред кого го отвoраш срцето и пред кого ја разголуваш душата!

Посветено за сите оние што ја направиле истата грешка – што го дале срцето на човек што не заслужува и  ја разголиле  душата пред луѓе кои ја повредиле…

Многу поучен текст што ќе ни покаже како треба да го чуваме она највредното што го имаме – нашата душа!

Со гола душа…

Кај стрецот прочуен по својата мудрост дошла млада, прекрасна девојка, целата облеана во солзи.

–        Што да правам? –  облеана во солзи прашала. Секогаш се обидувам  да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, се обидувам секогаш да помогнам. Но и покрај тоа што со сите сум добра и внимателна, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и саркастична насмевка. Дури некои се однесуваат отворено непријателски кон мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо! Дајте ми совет што да правам!

Мудрецот ја погледнал со насмевка и одговорил:

–        Соблечи се гола и така прошетај низ град!

–        Полудевте ли? Нели во такво издание секој би ме обезчестил и кој знае што ли уште би ми направил!

–        Ете гледаш ли! – се насмевнал повторно мудрецот.  – да го покажеш пред светот убавото тело се срамиш.

–        Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Твојата душа е ширум отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги види твоите добри страни како одраз на сопственото безобразие и порочност, тој се обидува да те навреди, оклевети или оцрни. Не секој ја има храброста да признае, дека некој е подобар од него. Несакајќи да се менува, порочниот човек војува со праведникот.

–        Но што да направам? – прашала девојката.

–       Да излеземе, сакам да ти ја покажам својата градина.

Надвор старецот продолжил:

–        Види ги овие прекрасни цветови. Многу години се грижам за нив и ги полевам, но никогаш не сум видел како распукнува пупката од цветот, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, отвори го срцето и разголи ја душата пред луѓето бавно и внимателно. Види кој е достоен да биде твој пријател и кој твори добро, како се полева цвеќето со вода и кој ги кине лисјата и го гази цвеќето со нозе.

Како крај ќе се послужам со еден прекрасен библиски цитат: „Не фрлај бисери на свињите!“

Напиши коментар