Celebrity

Пенелопе Круз и Алмодовар, повторно…

Пенелопе Круз ќе снима уште еден филм за Педро Алмодовар, кој во неколку наврати изјави дека шпанската глумица е неговата муза.

Филмот ќе биде наречен “ Los amantes pasajeros” што во превод би значело “ Љубовници на кратко”, и ќе раскажува една љубовна романса на пар кој доживува љубов во текот на лет со еден авион.

Ова за нив е петта соработка, а од досегашните четири Пенелопе беше номинирана за оскар.

Освен во овој филм, убавата Пенелопе наскоро ќе ја видиме во филм на Рид Скот каде ќе се појави заедно со нејзиниот сопруг Хавиер Бардем.

Напиши коментар