Најновата песна на „Red Hot Chili Peppers“ го враќа бендот на тематики кои беа обработувани на почетокот на нивните кариери – бегство од реалноста и луда забава.
Новиот спот на популарните Пеперси ќе ве натера да погледнете околу себе – песната „Look Around“ е пропратена со видео во кое неколку различни простории почнуваат да се вртат во круг. Напоредно со препознатливиот звук на гитара и вокалот на Ентони Кидис, кадрите во видеото се менуваат и ова е уште еден доказ дека овие музичари никогаш не се труделе да ги почитуваат правилата. За нив, на прво место била секогаш забавата. На спотот може да се види басистот Флиј како игра само по боксерки.
Погледнете како изгледа видеото: