Celebrity

Пеперси во Загреб!

Познатата група „Red Hot Chilly Peppers“ ќе одржи концерт на на 29-ти Август на загребскиот хиподром. Еден од највлијателните рок бендови на сите времиња започнува со својата турнеја со наслов „I’m With You“ во чиј склоп првиот настап ќе се одржи на Флорида.

Ова е прва турнеја на бендот по турнејата „Stadium Arcadium“ на која бендот се одлучи пред цели десет години. Иако многумина се сомневаа во опстанокот на бендот по заминувањето на легендарниот John Frusciante, како одличен избор се покажа и Josh Klinghoffer.

Групата е основана во 1983 година во Лос Анџелес, а од тогаш се имаат сменето неколку состави. Од самиот почеток на групата па до денес останале само пејачот Anthony Kiedis и басистот Michael Balzary – Flea.

Напиши коментар