Што е заедничко за изолир траките, сода бикербоната, моливите, водката? Одговорот е многу едноставен тие се едноставни средства кои ги спречуваат здравствените проблеми.
Моливче против главоболка
Кога сме нервозни и напнати го активираме мускулот кој ги поврзува вилицата и слепоочницата. Тој е стегнат и предизвикува главоболка. За да не дојде до тоа кога ќе се почувствувате напнато само силно гризнете дрвено моливче. Тоа ќе го опушти мускулот и нема да дојде до главоболка.
Водка против непријатен мирис на стапалата
Водката содржи голем процент на алкохол кој ги уништува бактериите. За да не дојде до непријатна миризба на стапалата избришете ги стапалата со крпа на која сте истуриле водка.
Сода против уринарни инфекции
Во едно шише од два литри ставете топла вода и една четвртина лажичка сода. Оваа течност е одлична за дезинфекција, ги уништува сите бактерии.
Течност за испирање на устата
Оваа течност е одлична за непријатните плускавци на нозете. Со неа може да безболен начин да се ослободите од нив. Едноставно три пати во денот со памук натопен со оваа течност натапкајте ги плускавците, така тие набзро ќе заздрават.
