Free zone

Пет клишеа кои мажите ги смислија за жените

Генерализацијата на односите и особините на луѓето е помалку неблагодарна. Особено кога ве ставаат во исти кош со оние кои не ги почитувате.

Ова се петте “вистини” за жените, нормално од машка перспектива.

Најдобар афродизијак е дебелиот паричник

Мажите сметаат дека жената одбира и грд маж само затоа што тој е богат, дебелиот паричник е балансот во случајот.

Љубомората е пожелна

Мажите сметаат дека жените сакаат љубоморни партнери. Повеќето од нив забележале дека кога тие покажуваат љубомора жените добиваат желба да се докажуваат и да направат се што е потребно само да го задржат.

Кога жената ќе ви го открие бројот на поранешните љубовници помножете го со два

Додека мажите се трудат да ја набилдаат бројката на бивши, жените сакаат да ја сокријат зошто ако се дознае вистинската бројка тоа ќе даде погрешна претстава за нив.

Лошите момчиња се вистинскиот избор

Секако, жените велат дека сакаат добри мажи. Но, секоја жена се скротува кога ќе најде “лошо” момче. Секоја жена добива предизвик да го скроти и да го смени “лошото” момче.

И жените се неверни, само по вешто го кријат тоа

Жените се попаметни во планирањето, изведбата на неверството и знаат како да манипулираат со мажите. Тие се исто толку неверни колку што го обвинуваат својот партнер.

Но, дали е ова вака за секоја жена? Многу погрешна може да биде оваа генерализација, па да направи да загубите некоја девојка која навистина вреди да ја имате покрај себе.

Напиши коментар