Free zone

Пет митови за сексот за една ноќ

Сексот за една вечер со текот на годините стана грда синтагма во модерната култура. Кога луѓето се впуштаат во авантура од овој тип често наидуваат на остра критика од околината. Како и да е нели е подобро да уживаш во ваков тип на авантура откоку да го изневеруваш партнерот? Ова се пет митови за сексот за една вечер:

Овој тип на секс шири зарази

Сексот за една вечер не шири зарази, незаштитениот секс – да. Сексот на одреден начин е ризичен, но доколку вие практикувате заштита, тогаш нема потреба од страв.

Сексот за една вечер ги понижува жените

Ова е едно од заостанатите размислувања со кои се деградира жената. Никој жената не ја присилува на ваков вид на секс. Самата таа го одбира ова задоволство, а кога е спремна дека тоа е само за една вечер тоа нема никаква врска со нарушување на нејзиното достоинство.

Сексот помеѓу постојани партнери е поквалитетен

Понекогаш, често но не и секогаш. Може да имате врска, стабилна и без неверства со добар секс, но може да бидете и во брак и да имате катастрофален сексуален живот, па затоа овој мит води кон следниот…

Сексот за една вечер е без чувства

За да дојде до секс треба да се има хемија, па затоа и не може со сигурност да се каже дека тој е без чувства. Кога ќе дојде до тоа сигурно имало и причина зошто!

Сексот за една вечер е погрешен

Може да биде погрешен, но може да биде и причина за обострано задоволство, а тогаш што е тука погрешно?

Напиши коментар