After Midnight

Пет начини кои ќе го натераат да се вљуби во Вас…

Секако дека никого не можете да го натерате да се вљуби, против негова волја, но Ви претставуваме пет тактики кои ќе „ го разгорат огнот “ и ќе доведат побргу до тој процес…

1. Дружете се многу…а потоа исчезнете…

Што повеќе комуницирате со некоја личност, повеќе ќе ѝ се допаднете. Поради тоа, заборавете на недостапност уште на самиот почеток. Дружете се што повеќе и што почесто, пронајдете што повеќе причини за да поминете повеќе време заедно…

А сега внимавајте…Во овој дел се крие најважната работа. Токму кога ќе го уверите дека Ве освоил, почнете да се однесувате помалку достапно, сé помалку и помалку сé додека дури и едноставно, веќе подолго време нема да го видите. Луѓето секогаш го сакаат она што не можат да го имаат, со тоа кога ќе почувствува дека Ве губи, ќе загризе уште појако. Тогаш всушност ќе дознае колку вредите !

2. Немојте да правите убави работ за него, нека тој прави за Вас…

Ако направите нешто добро за некого ќе се чувствувате убаво од две причини. Ќе бидете задоволни сами од себе и ќе бидете задоволни бидејќи некого сте усреќиле. Кога некој ќе направи нешто добро за нас, ние сме задоволни, меѓутоа се јавуваат и други последици кои не се позитивни. Понекогаш тоа создава притисок дека личноста која прави добро е подобра од нас, а да не спомнеме дека размислуваме дека мора да ѝ возвратиме.

3. Гледајте го во очи…

При нормален разговор луѓето се гледаат 30% – 60% од времето. Од друга страна, заљубените се гледаат многу подолго. Речиси цело време. Ако некого го гледате во очи, во 75 % од разговорот, ќе го измамите неговиот мозок. Мозокот знае дека последен пат кога некој толку долго гледал во него, тоа е љубов. Всушност, тој ќе си помисли дека е заљубен, а мозокот ќе испушта хемикалии кои обично ги лачи кога сме вљубени.

4. Не скратувајте го погледот…

Немојте да барате други поинтересни предмети во просторијата. Покажете му дека Ве интересира повеќе од другите личности во просторијата. Ако Ви е незгодно да го зјапате цело време, побарајте го неговиот поглед, кога ќе ја заврши реченицата.

5. Зборувајте за она што го сакате…

Кога зборувате за нештата кои ги сакате, Вашите зеници се шират како и кога ќе ја видите личноста во која сте вљубени. Целото лице попримува убави црти, едноставно зрачи… Што поретко разговарајте за работите кои Ве измачуваат и кои не Ви се допаѓаат. Секогаш размислувајте позитивно. Кога ја гледате личноста која Ви се допаѓа, гледајте ги убавите нешта кај неа. Игнорирајте ги недостатоците.

Напиши коментар