Free zone

Пет наjлоши работи кои не смееш да и ги кажеш на девојката во расправија!

Ок, веќе реши да ставиш крај на врската и сега целиот бес и агресија не треба да ги истуриш на неа. Како и да се заврши врската, која и да била причината најлошо е кога после убав период поминат заедно ќе си изнакажете погрдни зборови. Ова се најлошите работи кои никако не смеете да си  дозволите да и ги кажете кога ја прекинувате врската.

Напаѓање на нејзината сексуална вештина

Две работи кои жените најмалку сакаат да ги слушнат е дека не се добри во кревет, а втората е кога ќе бидат откриени дека одглумиле оргазам. Кажете било што, но скокнете го овој дел, може да заврши фатално.

Споредба со други девојки

Жените се по природа љубоморни. Нема потреба да ги предизвикувате. Затоа не ги споредувајте со други жени.

Споменување на фамилијата

Расправијата може да отиде предалеку ако во разговорот ги вмешате и негативните работи на нејзината фамилија. Па колку и да сте во право ќе ја изгубите битката.

Зборови на буквата “К”

Знаете на што мислиме. Не го употребувајте овој збор за својата љубена. Вие сепак сте поминале многу време со неа, и на вам не ви оди во прилог да кажувате дека сте биле некогаш со таква девојка.

Да и кажеш дека е дебела

Верувале или не од сите работи кои ги прочитавте ова најмногу ги погодува. После ова следи театрално трескање на вратата. А веднаш потоа ќе си ја видите бившата во неверојатно секси издание излезена сама со пријателките. Вие ќе и дадете мотив за да докаже пред сите дека таа е добра риба.

Напиши коментар