Убавина

Пет намирници од кои најмногу старееме

Изборот на храна не влијае само на тежината, таа се одразува и на убавината на косата, кожата, ноктите, здравјето. Нашата убавина во голема мера зависи од храната која ја јадеме. Ова се неколку намирници кои се најголемите непријатели на убавината, поточно предизвикуваат предвремено стареење.

Шеќер

Има голема разлика помеѓу шеќерот кој го додаваме во исхраната и оној кој се ослободува од храната. Првиот не уништува, а вториот ни е потребен. Од секоја храна белиот шеќер најмногу го предизвикува стареењето.

Сол

Натриум и хлор, тоа се двете состојки на солта. Тоа се важни минерали кои ги одржуваат мускулите и нервниот систем. Тоа е едноставен зачин кој го подобрува вкусот на храната, но исто толку едноставно и го предизвикува стареењето. Затоа внимавајте на количината на сол која ја внесувате.

Кравјо млеко

Иако е богато со калциум, витамини и протеини, млекото ги активира четирите процеси на стареење: предизвикува надуеност, запек, воспаление и укочени зглобови, хормонска нерамнотежа и формирање на киселини. Нутриционистите препорачуваат овчо и козјо млеко.

Месо

Протеините од месото се потребни за изградба на лигаментите, мускулите и кожата, но оваа намирница исто така го активира стареењето бидејќи е богата со заситени масти и е многу калорична.

Лоши масти

Мастите се важни за одржување на структурата на ќелиите, помагаат телото да апсорбира витамини, предизвикува здрав изглед на кожата, го хранат мозокот, го подобруваат расположението. Но, ова го можат само добрите масти. Лошите масти може да предизвикаат сериозни болести и да доведат до состојба која е сосема спротивна на она што го наведовме како ефект на мастите.

Write A Comment