Храната од секогаш се користела како моќно средство кое може да ја разбуди и разгори желбата за секс, а исто така и да ја зголеми издржливоста. Доколку сакате сексот да ви потрае тогаш оваа храна треба да се најде на вашето мени:
Смокви
Ова вкусно овошје е богато со аминокиселини кои го зајакнуваат либидото. Зголемете ја желбата со секс со една порција смокви, тие уште пред илјадници години се користеле за поголема сензуалност.
Јајца
Тие се полни со витамини Б6 и Б5, витамини кои помагаат да се зачува задоволително ниво на хормоните одговорни за стрес и енергија. Станува збор за хормони кои се важни за совршено функционирање на либидото. Некои сметаат дека живите јајца се еден од поголемите афродизијаци.
Банани
Ензимите кои ги содржи бананата го зајакнуваат машкото либидо. Полни се со калиум и рибофлавони кои даваат енергија. Се смета дека бананата помага при проблеми со импотенција.
Мед
Оваа моќна намирница содржи борон, состојка која помага за лечење на женскиот хормон естроген. Исто така медот повремено го подигнува и нивото на тестостерон кај мажите. Медот обично се користи во секси игрите, и тоа со право.
Лук
Иако неговиот мирис не спречува да го консумираме, сепак тој содржи алицин, состојка која ја зголемува циркулацијата во половите органи, па тоа е можеби доволна причина да го јадеме.
