Некои мажи ги имаат сите тие атрибути кои веднаш го привлекуваат спротивниот пол, но некои ги немаат. Психијатарот Маркус Озборн вели дека жената не би требала да наседне на приказните за господинот Совршен бидејќи постојат многу неоткриени дијаманти на кои треба да им се даде шанса.
Еве некои алтернативи за господинот Совршен. Тој можеби не е Бил Гејтс, Вил Смит или Џорџ Клуни, но секако може да ви биде партнер.
1. Бубалица
Од сите видови на момци, бубалицата е оној во кој се исплати долгорочно да вложувате. Можеби дома ќе има колекција на кукли Бетмен, но тие момци всушност се раководители на големи компании и заработуваат многу пари.
2. Момчето од фаст фуд
Неговата работа можеби не е онаа од соништата па може би ќе помислите дека не е доволно амбициозен, но тоа е неблагодарна генерализација. Тој е многу внимателен, а може има и поголеми планови. Можеби еден ден сака да отвори свој ресторан, или пак работата е само работа и не сака да ја носи дома, како и да е треба да му дадете шанса.
3. Ниско момче
Иако девојките обично ги одминуваат, ниските момци својот недостаток обично го надоместуваат со благ карактер и можат да бидат многу сочувствителни и шармантни.
4. Срамежлив
На овие момци им треба само малку време за да се ‘загреат’. Можеби му недостасува доверба во луѓето, но најверојатно не е вешт во додворувањето. Можеби ќе треба прва да пријдете, но кога ќе го добиете за себе ќе ви посветува многу внимание и ќе станете негов приоритет.
5. Дебелко
Да да, сите сакаме партнерите да ни се во добра форма. Но, знаете ли која е најпосакуваната машка особина за жените? Смислата за хумор. А, најчесто хуморот го поврзуваме со буцкастите момци кои знаат да уживаат во животот.
