Некои научници тврдат дека редовниот сексуален живот е клуч за вечна младост и одлична душевна и здравствена состојба. Докажано е дека сексот има лековито дејство, посебно кај болестите со психосоматски извор, а олеснува и спречува и други здравствени проблеми.
Сексот го зајакнува срцето- За време на сексот, дишењето станува двојно и забрзано, што го зголемува нивото на кислород и со тоа се зајакнува срцевиот мускул. За време на секс, се зголемува и нивото на женскиот хормон естроген, познат по позитивното влијание за срцето.
Го намалува холестеролот- Кај мажите за време на сексуалниот однос се зголемува нивото на хормонот тестостерон, кој помага во зајакнувањето на коските и мускулите. Истовремено го намалува и холестеролот.
Ги ублажува болките од артритис- Сексот и те како помага при главоболките и болките кои ги создава артритисот. Ако сте често под стрес- не постои подобра терапија од него. Одличен е и за здравјето на простатата.
Сексот ги намалува вишокот килограми- Научниците велат дека со секс еднаш неделно, на годишно ниво сте потрошиле 7.500 калории. Тоа е како да имате истрчано 120 километри.
Сексот го олеснува ПМС- Истражувањата покажуваат дека сексот ги намалува менструалните тешкотии. Од 1000 тестирани жени, оние со редовен сексуален живот помалку се пожалиле на менструални болки.