After Midnight

Пет знаци дека вашата врска има блескава иднина

Љубовта е причината за тоа што го идеализираме партнерот и не ги гледаме неговите маани. Затоа најдобро е да ги „симнете розевите наочари“ и уште на почетокот да утврдите дали вашата врска има иднина. Еве неколку знаци кои ќе ви помогнат да се одлучите:

Не глумите кога сте со него/неа: Голем број на луѓе го лажат партнерот/партнерката на почетокот на врската затоа што мислат дека така ќе го привлечат и задржат. Доколку вие не глумите кога сте со него/неа, тоа е сигурен знак дека врската има потенцијал.

Не ве „гуши“: Доколку уживате во времето кое го поминувате заедно и не се чувствувате дека врската „ве гуши“, тоа е знак дека вашата врска има иднина.

Си ги простувате грешките: Добар знак е фактот дека си ги простувате меѓусебно ситните грешки и реагирате смирено.

Се почитувате: Доколку ги почитувате неговите ставови иако не се сложувате со нив, тоа е уште еден знак дека вашата всрка има потенцијал.

Сексот е „одличен“: Компатибилноста во сексот е една од најголемите причини за успех на врската, бидејќи сексот е значаен дел од љубовниот живот.

 

Напиши коментар