ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 грама шпагети
150 грама шунка
300 грама кулен
250 грама сирење
2 пиперки
1 домат
200 милилитри млеко
30 грама брашно
2 Јајца
Оригано
ПОДГОТОВКА:
Шпагетите се варат во посолена вода со масло. Варете кратко време за да шпагетите бидат потврди. Три минути пред крај во водата додадете ја исечкана пиперката . Исцедете ги, па ставете ги во огноотпорен сад, кој е премачкан со масло.
Одозгора наредете ја исечената шунка Млекото, изматените јајцата, брашното ставете ги врз шпагетите и шунката.
На накрај наредете ги доматите исечени на кругови изрендајте со сирење, наредете го куленот исечен на тенки кругови посипете со оригано
Печете ги половина час на 180 степени.
Уживајте!!!
