Потребни состојки:
- 200гр- меко брашно
- 50гр-пармезан
- 30гр-путер
- 12 маслинки
- 10гр квасец
- 2 лажици масло
- 1 јајце
- 1дл млеко
- 1 мала конзерва сардини
- 1 домат средна величина
- ½ лажичка сол
- малку шеќер
Начин на подготовка
Во сад да се стави брашното, да се направи во средина простор и во него да се стави квасец и млако млеко.(во квасецот се става малку шеќер) Квасецот се прекрива со неколку супени лажици брашно.
Се остава тестото да отстои 15 мин. до топол шпорет па се додава путер, јајца и сол. Се залива со млеко, па се мати со лажица додека не стане смесата шупликава.
Да се покрие тестото со чиста платнена салвета и се остава двојно да нарасне.
Округла, подлабока тепсија се премачкува со путер, се обликува тестото, се реди на тепсијата, се покрива со масло и се става додатокот. Но се оставаат 2цм, слободни по ивиците , за да не тече преливот.
Прелив:
Се излупува доматот, се сече на тенки парчиња, па се реди на тестото.
Преку доматот се става риба, сардина и се обликува рамномерно, во форма на ромб. На рамномерно растојание се редат маслинките и на крајот се става изрендан пармезан.
Се пече во добро загреана рерна на јак оган(200-250 степени) 20-30 мин. Се сервира топло.
