Пиењето често ни претставува бегство од досадното секојдневие и проблемите. Па кога ќе се напиеме е добро, но следниот ден сè е полошо. Освен поголеми проблеми, поголема збрка во главата добиваме и по некој килограм плус.
Ова се пијалоците од кои најмногу се дебелееме:
Било што и тоник
Водка и тоник сакаат сите, но сепак таа провидна течност може да ви сервира озбилен калориски пакет. Тоник без шеќер содржи 90 калории и 22г шеќер, ако додадете и водка е тогаш сте внеле 550 калории.
Џек и кока кола
Добра комбинација за брза средба на носот со подот и стомакот со забите. Ако сакате да пиете Џек тогаш барем пијте го чист.
Темни пива
Иако често посегнуваме по овој пијалок, треба да знаеме дека се вистинска калориска бомба. Особено ако ги пиеме редовно. Во едно шише има 170 калории, а најбезобразен е преминот од темно на светло пиво.
Енергетски пијалоци
За да ја издржиме бурната ноќ која е пред нас често се случува да земеме по некоја лименка енергетски пијалок. Па во комбинација со алкохол си внесуваме убава бројка на калории. На пример водка и енергетски пијалок е еднакво на 600 калории.
Маргарита
Ако си го сакате телото не пијте го овој пијалок. Една убава чашичка има 500 калории.
Long Island Iced Tea
Ако на едно место сипеш рум, водка, текила, џин, кока кола, овошен сируп… добиваш 700 калории. На здравје!