Здраво тело

Пијте кафе бидете здрави !!!

Иако има негативни страни, консумирањето на кафе има 10 пати повеќе позитивни ефекти врз Вашето физичко и ментално здравје. Секако само доколку количината на кафе е во границите на нормалното. Практично и да нема личности кои не уживаат во овој пијалак, кој нуди огромно задоволство на сите сетила…

Кафето го намалува ризикот од дијабетес

И тоа за 50 проценти кај сите оние кој пијат барем 1 шолја кафе дневно. Кафето го забрзува метаболизмот и ја подобрува толеранцијата на организмот за инсулин.

Кафето се бори против канцерогените келии

Спротивно на претходните претпоставки дека кафето е еден од причинителите на појавата на рак, пред се заради антиоксидантите и другите супстанции кои го смалуваат ризикот од сите воспалителни процеси денес се смета за вистински борец против појава на рак.

Кафето го намалува ризикот од деменција

Иако на научниците не им е баш најјасно како кафето влијае врз намалување на ризикот од Алхајмерова болест и други дегенаративни болести на мозокот, кафето сепак позитивно влијае врз намалување на ризикот од деменција.

Кафето го намалува степенот на депресија

Сите долгогодишни истражувања покажаа дека луѓето кои консумираат до 4 чаши кафе дневно се посреќни и задоволни со самите себе благодарение на кофеинот кој го зголемува нивото на среќни хормони…

Write A Comment