Потребни продукти за приготвување на маската се – една лажица пченкарно брашно крупно смелено, една лажица исушена и ситно издробена камилица и малку минерална вода.
Начин на приготвување – се мешаат сите три компоненти убаво додека не се добие кашичка.
Нанесете ја пилинг маската на влажна кожа и со кружни движења нежно масирајте го лицето. Измијте со топла вода.
Пилинг маската се препорачува за сите видови кожа.
