Celebrity

Pink работи на нов албум!

Заврши породилното боледување. По дури четири години дискографска пауза, пејачката Pink сега почнува да работи на својот нов албум.

Нејзиниот последен албум „Funhouse“ беше објавен во 2008 година, а во меѓувреме таа се смири со дечкото, стана мајка на малата Willow и издаде албум со хитови. Сега е време за нов студиски албум.

–          Им ветувам на моите фанови дека новиот албум нема да биде со тажаленки, но некоја можеби ќе ми се „лизне“. Сепак сум мајка која успеа да си ја заспие ќерката со песната „You Are My Sunshine“, – изјавила таа.

Косата ѝ е повторно розева, а на својот Твитер профил напишала:

–          Знаете што значи тоа – време е за нови песни!

Сеуште не се знае точниот датум кога ќе излезе албумот, но најверојатно ќе биде многу наскоро.

Напиши коментар