Celebrity

Писателката на Хари Потер со книга за возрасни

Писателката Џеј Кеј Ролинг која е заслужна за сите Хари Потер книги моментално работи на новел кој е специјално наменет за повозрасни читатели. Овој роман ќе биде објавен во Велика Британија и во САД.
Типично за Ролинг, таа одлучила да не соопштува никакви детаљи поврзани со насловот на книгата, главната тема, како и датумот на издавање.
– Иако уживав додека ја пишував книгата, морам да кажам дека овој роман воопшто не наликува на тие за Хари Потер, – биле зборовите на писателката.
– Слободата да истражувам нови територии е подарок што ми го овозможи успехот на Потер и логично е на новата територија позади мене да стои и нова издавачка куќа.
Да видиме што сега ќе ни понуди махерот чии книги беа преведени на 74 јазици и продадени во над 450 милиони копии.

Напиши коментар