After Midnight

Пишувајте забелешки – листовите поднесуваат се!!!

Морате да донесте тешка одлука, да извршите еден тон ситни работи или пак да се уверите дали  тој е вреден за вашето вмнимание?

Хартија и молив во раце – и направете попис – се ќе изгледа поедноставно!

1 . Пописот ја решава мешаницата.

Во главата имате милион податоци, посебно денес кога преку мобилните и интернетот се информираме со настани. Кога ќе седнете и ќе запишете се што ви е на ум, ќе се растеретите и ќе ја разбистрите вашата глава и ќе можете смирено да ги анализирате информациите.

2. Ги остава работите за во перспектива

Еднаш кога сте ги попишале работите, можете да ги вреднувате и да ги распоредите според приоритети.

3. Делува антистресно

Бидејки помагаат да се организирате, пописите се одлично средство против стрес и паника. Кога навечер ќе ставите знакче штиклирано  на работите кои сте ги извршиле, сами на себе си оддавате признание, што донесува пријатно чувство на задоволство. А кога недовршените задачи ќе ги пренесете на пописот за утрешниот ден, сте превзеле барем еден напор за негово решавање, па ќе можете помирно да отспиете.

4. Ја поттикнува ефикасноста

Пописот за купување на ситни задачи, ви заштедува време и помага да не заборавите што сте требале да завршите. Алармот не мора да служи само за будење – некој ве подсетува дека морате да го извадите колачот од рерната или кога треба да тргнете на час по јазик.

5. Мотивира

Штом си запишете некоја цел, донекаде сте се обврзале дека ќе ја остварите. А дури и тие кои што мразат обврски, со задоволство ќе штиклираат она што им е завршено.

Со среќа, до нови постигнувања и успеси…

 

 

Напиши коментар