Мојата кујна

Пита од брусници

Потребни состојки:

–      200 гр пченкарно брашно

–      50 гр шеќер

–      1 ванилин шеќер

–      150 гр путер или маргарин

За филот:

–      1 тегла брусници

–      1 лажичка мелен цимет

За премачкување:

–      1 лажица млеко

–      и една жолчка

Подготовка:

За тестото: измешајте го брашното, додајте го шеќерот и путерот и убаво измешајте со миксер.

Потоа измесете ја смесата на работна површина, се додека не добиете убава смеса. Ако тетсото е лепливо замотајте го со фолија и оставете го да отстои половина час на ладно место.

Половина од тестото земете и направете топка. Расукајте ја и сатевте ја во намастен сад за печење. Другата половина од тестото исто така расукајте ја и со нож исечете ленти со дебелина од 1 цм. Со нив направете решетка врз филуваната кора.

За филот: измешајте ги брусниците со циметот и премачкајте ја кората. Оставете еден сантиметар од краевите на кората, не ја премачкувајте до краевите. Одозгора наредете ги лентите од кора. Премачкајте ги со изматената жолчка и млеко и ставете ја тавата во загреана рерна на 180 степени да се пече околу половина час.

 

Write A Comment