Едноставна, а совршена торта
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600 грама мелени Плазма кекси
3 јајца
200 грама шеќер
250 грама маргарин
4 децилитри сок од портокал ( може и млеко но вкусот е различен )
100 грама чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јајцата разматете ги со виљушка и додадете го шеќерот. Се добро промешајте и ставете да се вари на тивок оган околу 5 минути, повремено мешајќи. Оваа постапка е важна бидејќи подоцна колачот не се пече.
Во поголем сад ставете ги мелените бисквити, додадете го маргаринот и проварените јајца со шеќер. Лесно измешајте додека кексот не ја упие целата течност. Потоа постепено додадете го сокот или млекото.
Мешајте ја смесата додека не стане хомогена.
Готовата смеса обликувајте ја според Ваша желба. Украсете ја шлаг, глазура од чоколадо, рендано чоколадо…
Уживајте!!!
