Celebrity

По трет пат „Продавничката за хорори“!

Актерот Joseph Gordon-Levitt кој ќе остане запаметен како Tommy од филмот „Третиот камен од Сонцето“ ќе биде потпишан како продуцент, а планира да ја игра и главната улога во новиот филм „Little Shop of Horrors“.

Оригиналниот мјузикл од шеесетите години на минатиот век зборуваше за младиот цвеќар кој достигнува слава со помош на една џиновска билка која јаде луѓе. Кон средината на 80-тите е снимена втора верзија, која поминала уште подобро пред публиката и критичарите.

Сега ќе се снима трета верзија. Не се знае дали ќе биде задржана оригналната музика или ќе се прави нова.

На овој трејлер можете да ѕирнете како изгледаше филмската верзија од 1986 година:

Напиши коментар