Лошиот здив е многу непријатна појава. Повеќе од 90 милиони луѓе патат од хронично лош здив. Ако Вие или некој ваш пријател го имате овој проблем пробајте да се ослободите од лошиот здив со помош на неколку мали совети.
Чистете го јазикот – Непријатниот здив од устата настанува како последица на негрижата на оралното здравје. Мирисот е последица на распаѓањето на честички на храна и бактерии во устата. Миењето на забите е доста важен момент за исчезнување на лошиот здив, но не заборавајте нежно со четката да го исчистите и својот јазик. Течностите за испирање на уста не се лоша идеа меѓутоа тие се со краткотраен ефект.
Џвакајте мастика – Верувале или не плунката е најдоброто оружје против лошиот здив. Затоа и всушност сувата уста е најголемиот иницијатор на лошиот здив. Ако се прашувате зашто по спиење здивот има лош мирис, тоа е рака зашто при спиењето организмот во голема мера ги намалува своите активности а со тоа и лачењето на плунка. Затоа секогаш кога имате шанса џвакајте мастики, тогаш се лачи повеќе плунка и во исто време се убиваат бактериите кои ја предизвикуваат миризбата.
Пијте вода – Водата помага да се намали бројот на бактериите во устата.
Јадете корки леб – Ако сте на некоја диета со низок процент на јаглехидарти тогаш шансите за лош здив се зголемуваат. Ефектот можете да го неутрализирате со јадење на корка леб.
Испирајте ја устата – Навистина не можете да ја исчистите устата со четка за заби. Затоа користете течност за испирање на уста за да се решите од остатокот на храна измеѓу забите. Исто така користете конец за чистење заби.
