Free zone

Починал буквално од скршено срце

Само по 88 минути од смртта на неговата жена, починал и James од тага.

Majorie Landis починала на 87 годишна возраст по долга и мачна болест. Нејзиниот сопруг, James починал 88 минути по неа од срцев удар. Тие имале среќен брак кој траел 65 години, па во моментот кога таа починала James и ја признал својата љубов и и заблагодарил за убавите години кои ги поминале заедно.

Тагата била пресудна и за неговиот живот. Експертите велат дека ова не е чудо. Луѓето кои живеат долги години заедно, кои се среќни еден со друг не можат да ја поднесат разделбата, а не особено старите и изнемоштени лица.

Тие велат дека James починал буквално од скршено срце. Теоријата на научниците вели дека по преживеани години заеднички живот, ако партнерите спијат еден покрај друг отчукувањата на срцата се прилагодуваат. Па кога ќе дојде до прекин на работата на едното срце тоа го чувствува другото.

Напиши коментар