Celebrity

Почна да се снима филмот за Хју Хефнер!

Актерот Џејмс Франко ќе ни го претстави животот на милијардерот Хју Хефнер во најновиот филм кој веќе почнал да се снима во Калифорнија. Во него се работи за животот и делото на сопственикот на Плејбој империјата.

Централната приказна се врти околи младиот Хефнер и порно легендата Линда која е најпозната по својата улога во филмот „Длабокотo грло“. Актерката Аманда Сејфилд ќе ја глуми Линда, а самата Линда е видена на снимањето како се обидува да ѝ помогне на Аманда подобро да ја совлада улогата.

Што се однесува до Деми Мур која требало да биде дел од филмот, таа го откажала својот ангажман откако поради исцрпеност беше хоспитализирана пред некој ден.

Write A Comment